На првата трка во новата Ф1 сезона Финецот Кими Раиконен два пати одлучи да се коцка но и два пати беше добитен.
Два пати влезе во бокс, за разлика од повеќето, пред се главните конкуренти Фернандо Алонсо и Себастијан Фетел.
Ова беше дваесетта победа во кариерата а втора во Австралија после шест години. Сега иако после првата трка тоа не значи многу, но тој е прв во генералниот пласман прв пат после Големата Награда на Шпанија 2008. година.
„Можев да претпоставам дека болидот е брз, но тешко е да се оцени кога не знаете колку се подготвени другите тимови. Имавме стратегија со две застанувања во боксот и бев сигурен дека гумите ќе издржат. Немав никакви проблеми со гумите, болидот функционираше префектно. На крајот го извозев најбрзиот круг за да ја осигурам предноста во случај на дожд. Чуството е одлично, водам во генералниот пласман но ова беше само една трка. Ќе видиме како сето тоа ќе изгледа на наредната трка“- го прокоментира својот настап на „Алберт Парк“, Кими Раиконен.