Премиер лига: Челзи се проби на третото место

Од:

Фудбалерите на Челзи со победата над Вест Хем од 2:0 се пробија на третото место на табелата во англиската Премиер лига со што  го искористија киксот на Тотенхем кој загуби на домашен терен.

Головите за „сините“ од Лондон ги постигнаа Франк Лампард и Еден Азар.

Тотенхем загуби дома од Фулам, а стрелец на голот вреден три бода за гостинската екипа беше Димитар Бербатов.

На денешните натпревари од 30.коло во Англиското фудбалско првенство беа постигнати резултатите: Сандерленд – Норвич 1:1, Тотенхем – Фулам 0:1, Челзи – Вест Хем 2:0 и Виган – Љукасл 2:1.

На вчера одиграните натпревари беа постигнати следниве резултати: Евертон – Манчестер Сити 2:0, Свонси – Арсенал 0:2, Стоук – ВБА 0:0, Саутемптон – Ливерпул 3:1, Астон Вила – КПР 3:2, Манчестер Јунајтед – Рединг 1:0.

Табела: Манчестер Јунајтед 74 бодови, Манчестер Сити 59, Челзи 55, Тотенхем 54, Арсенал 50, Евертон 48, Ливерпул 45.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска