Се затвора манастир од 1611: Главната калуѓерка се заљубила

Од:

Манастирот на древните капучински татковци во италијанската општина Сансеполкро го најави своето затворање, откако главната калуѓерка одлучи да го напушти манастирскиот живот. Поточно, таа се заљуби и заминува, а бидејќи не можат да најдат замена во манастирот, ќе треба да го затворат, пишува La Repubblica.

Сестрата Марија Тереза ​​Саченте (40) ја прекина љaубовната врска, но не сака да го продолжи својот живот како калуѓерка.

„Она поради што страдам ќе ме одбележи за цел живот и ќе ми биде тешко во иднина да имам било каква врска со Црквата“, изјави таа за италијанските медиуми.

Таа додаде дека луѓето се тажни поради затворањето на манастирот како што е и таа. Манастирот е отворен уште во 1611 година и во моментот се сместени една осумдесетгодишна калуѓерка и две нови калуѓерки.

Не е објавено дали главната сестра одлучила да се повлече по своја иницијатива. На прашањето на медиумите дали причината е „приказна за срцето“, таа одговори: „Тие сакаат да го кажат тоа на тој начин, а тоа е многу покомплицирано отколку што изгледа“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Сред натпревар фудбалерите легнаа на теренот и од страв не сакаа да станат

Татјана Ташкова

Осумгодишник заработи 26 милиони долари во 2019 година

Татјана Ташкова

ВИДЕО: Мис Нигерија со својата реакција ги инспирира жените ширум светот

Татјана Ташкова

Како едно бебе заврши на суд заради долг од 13.000 евра?

Татјана Ташкова

ВИДЕО: Пијан ракун ги забавуваше посетителите на Божиќен панаѓур во Германија

Татјана Ташкова

Изнајмете „сестра“ за 135 долари: Клиентите ги бираат изгледот и локацијата

Татјана Ташкова