Студентите од Универзитетот во Тетово однесоа хуманитарна помош во Албанија, собрани се и 6.000 евра

Од:

Студенскиот парламент при Универзитетот во Тетово информира дека нивна делегација беше во Албанија каде во Драч ги посети населбите погодени со земјотресот, а воедно ја достави и хуманитарната помош собрана на универзитетскиот кампус. Облека, средства за хигиена, пакувања со храна, ќебиња и друго се оставени во Главниот штаб за итни случаи во Драч.

-Воедно собрани се финансиските средства од околу 6.000 евра, со доброволни прилози на студентите и академскиот кадар при Универзитетот во Тетово. Парите ќе бидат доставени преку единствената државна адреса што е веќе креирана од албанската Влада за таквов придонес. (e-albania.al/dhuro), информираат од Студенскиот парламент при УТ.

Вчера, Сенатот на Универзитетот во Тетово на седница одлучи да донира 10 илјади евра како помош за семејствата погодени од земјотресот во Албанија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пекол во Албанија: Пожарот стигна до куќите, изгореа три домови – жителите во паника

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Албанија, потресот почувствуван и во Македонија

Заканувачка е-пошта од „Исламска држава“ во Албанија – закана за поставени бомби во повеќе институции

А1он

Силен земјотрес ја погоди Албанија

ВИДЕО: Француски турист убиен во Ксамил поради наводна кавга за девојка

Семејство апелира за помош: Четиригодишно дете од Македонија исчезна на познато албанско летувалиште

Горан Наумовски