Илир Мета и Талат Џафери одблизу следеа спасувачка акција во Драч

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета заедно со претседателот на Собранието на Северна Македонија, Талат Џафери, внимателно следеа акција за пребарување и спасување што се спроведува во една од зградите оштетени од земјотресот во Драч.

Заедно со нив беше и вице премиерот Бујар Османи, лидерот на ДУИ Али Ахмети и пратеници.

Претседателот Мета се сретна и со специјализираните сили за итни случаи кои од Северна Македонија дојдоа за да придонесат за надминување на последиците од оваа природна непогода, кои се стационирани во Гимназијата „Наим Фрашери“.

Тој искажа огромна благодарност за нивната ангажраност, професоналност и пожртвуваност во акциите за пронаоѓање и спасување, додавајќи дека нивниот придонес никогаш нема да го заборават.

– Ова е важен момент на демонстрација на солидарност меѓу нашите две држави и потврда за соработката на полето на граѓанските вонредни состојби. Би сакал да ја изразам мојата срдечна благодарност до претседателот Пендаровски, премиерот Заев и сите претставници на политиката на Северна Македонија, кои се со нас од почеток и продолжуваат да бидат со нас во справувањето со оваа голема катастрофа и овие тешки последици, како што сте виделе и знаете подобро од кој било друг, рекол Мета.

Лидерот на ДУИ, Ахмети искажал благодарност до припадниците на македоската спасувачка екипа и искажал надеж дека нема да има повеќе вакви трагедии, додајќи дека „ова се непредвидливи случувања и мора да бидеме подготвени“.

Во меѓувреме македонските, заедно со турските, српските и шпанските спасувачи го пронашле безживотното тело на 54 годишен маж од под урнатините на хотелот „Мирамар“ во Драч, каде што работел, што е 47 жртва од земјотресот.

Би можело да ве интересира

Симоновска: Докторката доби отказ затоа што во моментот кога тимот на бронхоскопија се обидува да го спаси животот на малото дете, директно им попречуваше на докторите

Таткото на Фросина: Имаме ли неказнивост, се соочуваме со тотален распад во општеството и последиците ги живеат децата

Предраг Петровиќ

Апасиев: Во состојба на џунгла, немојте да се чудите, кога некој родител на кој некоја дрогирана битанга му прегазила дете на пешачки, ќе ја земе правдата во свои раце

Предраг Петровиќ

Кривичен ја објави пресудата за претходното кривично дело на осомничениот кој ја прегази Фросина

Предраг Петровиќ

Околу 12 милиони долари би се изгубиле во земјава по одлуката на Трамп за замрзнување на програмите за помош во странство

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија