Тотал Тв известува дека од 15 март, на барање на Советот за Радиодифузија на Р.М., заради нерешени проблеми помеѓу нив и Пинк Медиа Групацијата, принудени биле од својот програмски пакет привремено да ги одстранат Пинк каналите, се до надминување на спорот помеѓу Советот за Радиодифузија и Пинк Групацијата.
Од СРД со допис ги информирале Тотал ТВ дека „се додека Пинк не се извини кон Република Македонија за користењето на терминот БЈРМ, не ги исплати заостанатите плати кон вработените во Пинк 15 во Македодонија, и не го надмири долгот кон СРД, нема да може како регулатор да изврши регистрација на телевизиски програмски пакет од Пинк Медиа Груп“