Џафери: Не се прават промени на изборниот модел без консензус и пред избори

Од:

Предлозите на група пратеници за промена на изборниот модел и за отворени листи се во собраниска процедура. Но, мислам дека во вакви измени на изборното законодавство не треба да се влегува во последните месеци од работата на Парламентот и без постигнат политички консензус, изјави денеска претседателот на Собранието Талат Џафери.

Тој додава дека од група пратеници како овластени предлагачи до Собранието се поднесени два предлога за измени на Изборниот законик, еден по однос на моделот и еден за отворени листи и по процедура тие би можеле да се најдат на дневен ред на некоја од наредните седници.

-Но, мислам дека без општ консензус не би требало да се влезе во таков проект. Вообичаено такви проекти не се реализираат во последните месеци на работа на Собранието затоа што промената изискува и соодветни промени во моделот и во активности на други институции. Во тој контекст, мислам дека не би требало да се влезе во измени, рече Џафери.

Доколку се влезе во такви измени, додаде претседателот на Собранието, тоа треба да биде на почетокот на мандатот на собранискиот состав, со цел, како што рече, да може да се остави простор и можност за другите институции да може да ги спроведат одредбите од тие измени.

Тој на денешната средба со новинарите истакна дека засега нема никави најави за одложување на изборите. Како што појасни, на 2-ри или 3 јануари треба да има седница за избор на нова техничка Влада на 100 дена пред изборите, а веќе на 30 или 31 декември да има, како што рече, одредени сигнали за членови на таа нова техничка Влада.

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он