ВИДЕО: На 14 декември голема акција за чистење, администрацијата ќе го одработи 2 јануари

Од:

Владата организира голема акција за чистење ѓубре со учество на вработените од државните институции, која ќе се одржи на 14. следниот месец (сабота) на повеќе локации во Скопје, како и во поголемите градови во државата. Со акцијата сите вработени од институциите ќе се приклучат на граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“, под мотото „Чистиме со Не биди ѓубре“, а воедно ќе го одработат 2 јануари годинава, што беше прогласен за неработен ден.

Во акцијата се очекува да бидат вклучени над 40.000 луѓе.

– На овој начин, вработените ќе го надоместат неработењето на 2-ри јануари 2019, кој беше прогласен за неработен за државните институции. Наместо да одат на работа, вработените на 14-ти декември, во периодот од 9:00 до 12:00 часот, ќе помогнат да се исчистат барем некои од загадените локации низ градовите, информира денеска на прес-конференција министерот за информатичко општетсво и администрација Дамјан Манчевски.

Поради природата на работата, вработените од здравствениот и образовниот сектор, градинките, како и оние вработени чијашто природа на работата не дозволува отсуство од работа, ќе се приклучат на акцијата со тоа што ќе ја чистат околината на установите во коишто работат или на друг начин кој ќе го договориме.

За успешна организација на акцијата на вчерашната седница Владата формирала и работна група во која има претставници од Кабинетот на премиерот на Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање, МИОА, Градот Скопје и ЗЕЛС, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и ЈП за одржување и заштита на регионалните и магистралните патишта. Онаму кадешто ќе биде потребно ќе бидат обезбедени и соодветни алат и механизација да помогнат во чистењето.

Манчевски апелираме и до локалната самоуправа и институциите на општините, да се приклучат на акцијата и заедно да помогнат за почиста животна околина.

– Ова ќе биде масовна акција за чистење, која планираме да стане и традиционална, со што вработените од државните институции ќе помогнат за зачувувањето на животната околина, која е на сите и за сите. Се надеваме дека на овој начин ќе влијаеме и на свеста на граѓаните, за да успееме да ги зачуваме чисти локациите откако ќе заврши акцијата, нагласи Манчевски.

На акцијата ќе се приклучат и Делегацијата на ЕУ и амбасадорот Самеул Жбогар од каде ќе обезбедат и опрема којашто би ја користеле луѓето при чистењето. Конкретни информации за локациите и распоредот на вработените од институциите ќе бидат објавени во следните денови, заедно со граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“.

Би можело да ве интересира

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

Левица: Инфлацијата јаде, владата молчи