СДСМ: Објавен оглас за грантови во висина од 3.000 евра за жени земјоделки, продолжува унапредувањето на земјоделството,

Од:

„СДСМ продолжува со постојано унапредување на земјоделството, подобрување на условите за земјоделците и намалување на нивните трошоци се’ со цел повеќе пари да завршуваат кај секој земјоделец.

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделство и руралниот развој објави оглас на кој жените –земјоделки, до 26 декември, може да се пријават за грант неповратни средства, во висина од 3000 евра.

Целта е да се мотивира и да се обезбеди зајакнување на позицијата на жената во семејното земјоделско стопанство и создавање на поголема додадена вредност во земјоделското производство.

Претходно, со последните измени на Законот за земјоделство и рурален развој, овозможуваме дополнителна помош и за младите земјоделци со воведување на дополнителна мерка за вршење на дејност во износ од 20 илјади евра“, соопштуваат од СДСМ.

„Се унапредуваат и се поедноставуваат условите за користење на европските фондови ИПАРД за развој на конкурентно земјоделство.

Земјоделските мерки на СДСМ се на прав пат.

Развојот и унапредувањето на земјоделството се приоритет за СДСМ.

Градиме силно и конкурентно земјоделство, расте производството и се повеќе пари завршуваат назад кај земјоделците“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата