СДСМ: Извозот на струја зголемен за над 60 отсто во првите 9 месеци од 2019 година

Од:

„Реформите што СДСМ ги презема во полето на енергетиката се шампионски и даваат реални резултати.

За разлика од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога државата беше зависна од увоз на скапа струја, денес државата произведува и продава вишоци струја.

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, во септември дури 91,6 отсто од потрошената електрична енергија е произведена од домашни извори.

Во првите девет месеци од годинава увозот на електрична енергија е намален за 3,6 отсто, додека, извозот на електрична енергија бележи раст од 60,6 отсто во споредба со истиот период лани“, се вели во соопштението на СДСМ.

„ЕСМ досега за 2 години продаде електрична енергија во износ од 40 милиони евра.

За разлика од расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога ЕСМ трошоше пари на паркови и рајски градини, денес ЕСМ вложува пари во мерки против аерозагадувањето.

Официјалните податоци покажуваат дека одговорните домаќински политики во енергетиката се на прав пат, расте извозот на струја а цената на електричната енергија е најевтина во Европа“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ковачевски го призна поразот: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Анита Петровска Рајковиќ

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ со голема предност пред СДСМ, покажуваат бројките на партијата

(ВИДЕО) Кузеска од СДСМ: Имавме фер и демократски избори, граѓаните покажаа зрелост

Орце Костов

Филипче: На 8 мај гласајте за напредок, стабилност и за европска иднина на државата

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски