Расте бројот на жртви од земјотресот во Албанија

Од:

Најмалку 14 лица загинаа, а околу 600 се повредени во земјотресот со јачина од 6,4 степени што ја погоди Албанија.

Најновите податоци за жртвите ги објави албанското Министерство за одбрана, откако се пронајдени телата на уште пет жртви.

Министерството за здравство соопшти дека повредени се околу 600 лица, а дел од нив се во тешка состојба.

Околу 400 војници поставуваат шатори во два града за да ги сместат луѓето чии домови се оштетени.

Ова беше насилниот земјотрес што ја погоди Албанија во последните три децении.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Силен земјотрес го погоди островот Јава

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија