Израел го протера директорот на Human Rights Watch

Од:

Израел денеска го протера Омар Шакир, директор на организацијата „Human Rights Watch“ (ХРВ), надлежен за еврејската држава и палестинските територии.

Тој е првиот човек протеран од израелската територија како дел од контроверзните мерки против бојкотот на Израел.

Од 2017 година, израелските власти забранија влез на нивната територија на странци обвинети за поддршка на движењето БДС (бојкот, прекинување на инвестициите и санкции) против Израел.

Израелското Министерство за стратешки работи изјави дека Шакир е првиот што бил протеран врз основа на забраната. Израел одби да ја обнови визата за Шакир кон крајот на 2018 година, обвинувајќи го за поддршка на движењето за бојкот, што тој негираше.

По низата жалби на почетокот на ноември, израелскиот Врховен суд даде зелено светло за депортација.

– Не се сеќавам дека која било демократија го блокирала пристапот на истражувач на „Human Rights Watch“. Ова покажува дека ограничувачкиот карактер на израелската демократија се зголемува, рече директорот на ХРВ, Кевин Рот.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци