(ВИДЕО) Јаулески: Изјавата на Пендаровски е потврда за суровата реалност во која ја живееме денес

Од:

„Пред 4 години овде Зоран Заев и СДСМ како тогашна опозиција оставија стотици чевли, како симбол за иселените млади од државата, ветија дека не само што ќе го запрат иселувањето, туку и дека ќе ги вратат иселените. Веќе 3 години Заев е премиер и не само што не ги врати иселените млади, туку и претседателот на државата јавно говори дека доколку не би бил претседател и тој би се отселил од Република Македонија.

Изјавата на Стево Пендаровски е потврда за суровата реалност во која ја живееме денес. Никој, ниту функционерите предложени од СДСМ не сакаат да живеат во држава на која тој и е премиер“, рече Јован Јаулески, Претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

„Три години откако Заев е на власт, младите се повеќе бегаат, а бегаат заради криминалот, корупцијата и рекетот, бидејќи во Македонија под Заев функционираат криминалците кои во Луј Витон ташни носат милиони, пари кои не знаеме каде завршиле и дали и Заев лично не е крајната дестинација на милионите од најголемата рекетарска афера до сега.

Младите бегаат затоа што наместо деца кои едвај врзуваат крај со крај, а имаат висок просек, стипендии за студирање во странство добива ќерката на Никола Димитров.

Младите бегаат затоа што отвораат фирми, се борат на пазарот и едвај собираат за плати, додека луѓе блиски на власта со фирми отворени непосредно пред да биде распишан некој јавен оглас, добиваат милионски тендери и преку ноќ стануваат милионери.

Младите бегаат затоа што нема правда. Нема функционален систем. Нема надеж.

По 12 април ќе почнеме со обнова на Македонија. Македонија ќе биде земја каде младите ќе сакаат да остануваат.

Господине Пендаровски не се, додека ви помине мандатот како претседател, ВМРО-ДПМНЕ веќе ќе биде на власт 3 години и ќе се чувствуваат придобивките од обновата, и нема да мора да си заминете од државата“, изјави Јован Јаулески, Претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање