Поради крварење обвинета во „ТНТ“ не дојде на судење

Од:

Адвокатката Кристина Маневска утрово на судењето за предметот „ТНТ“ рече дека и’ се јавил сопругот на нејзината клиентка, обвинетата Александра Димитриевска Аврамовска, дека викендов и’ се влошила здравствената состојба и дека обилно крвари и поради тоа е задржана во приватна болница.

„Непосредно пред рочиштето ми се јави сопругот и рече дека обилно крвари”, рече адвокатката пред судот.

Судијата Огнен Ставрев рече дека обвинетата била уредно поканета на рочиштето и побара да биде доставена медицинската документација. Рочиштето поради отсуство на обвинетата беше одложено.

Претходно адвокатот Димитар Дангов ѝ го откажа полномоштвото на обвинетата Елисавета Најдовска, по што, како нејзин бранител се јави адвокатот Мерџан Даути, кој побара целото судење со над 40 рочишта да биде преведено на албански јазик, повикувајќи се на Законот за употреба на јазиците.

Судот се обрати и до Адвокатката комора, која покрена дисциплинска постапка за Даути, бидејќи со издавањето адвокатска лиценца, тој прифатил дека го познава македонскиот јазик и евентуалното преведување подразбира одолговлекување на постапката.

Во случајот „ТНТ“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, кој избега во Унгарија, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, Елисавета Најдовска и уште тројца други вработени во Општината.

Според обвинението, обвинетите со злоупотреба на службената положба и овластување, поради политичка одмазда му урнале дел од објектот „Космос” на бизнисменот Фијат Цаноски, кој најави дека ќе бара отштета во висина од 40 милиони евра.

Предметот е во завршна фаза.

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска