Крводарителска акција по повод 17. март, денот на крводарителите во Битола

Од:

Во рамките на прославувањето на светскиот ден на крводарителите, 17 март ,Црвениот крст од Битола  во соработка со трансфузиологија­ ­- Битола организираа голема крводарителска акција.

Оваа акција е традиционална и секоја година добива на масовност. Од Црвениот крст се задоволни од посетеноста. Битолчани, како и секогаш, се покажаа како хумани луѓе.

128 едниници крв беа собрани на крајот на акцијата од страна на неколку тима од трансфузиологија.

„Од 9 часот до 14 и 30 трае крводарителската акција. Одзивот, како и секоја година, е за пофалба. Битолчани – хумани, редовните крводарители – запознати со сите крводарителски акции, уште од 8 и 30 си чекаа, а на наше големо задоволство имаше и многу нови крводарители, кои денеска за првпат даруваа крв“, велат од Црвениот крст.

Кон оваа акција денес се приклучи и кандидатот за градоначалник на Битола  од „Сојузот за иднината“, Менде Диневски, кој и покрај својата набиена агенда, сепак, покажа дека хуманоста треба да биде најважната човечка особина.

Би можело да ве интересира

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината

Општина Битола издвои два милиони денари за семејствата на починатите и за повредените во пожарот во Кочани

Гори големо стрниште во околината на Битола

Мирен протест во Битола: Институциите дозволија живи да горат деца, да гори младината иднината на државата

Битолчани – шампиони во селектирање отпад: Успешно одложени 1 милион парчиња амбалажа во 2024 година