Пендаровски ќе му подари галичка пафта на Вучиќ

Од:

Претседателот Пендаровски, кој денес и утре е во официјална посета на Србија, ќе му подари галичка пафта на српскиот претседател Александар Вучиќ. Од Кабинетот на претседателот за „А1он“ кусо изјавија дека фигурите галичка пафта за подарок се избор на Пендаровски.

Галичка пафта е украсна тока на невестинскиот појас во галичката народна носија.

Пендаровски откако е на функцијата претседател на државата гордо истакнува дека неговото потекло е од Галичник. Заедно со сопругата беа на годинашната Галичка свадба, а на крајот на септември пак двајцата им беа домаќини во Галичник на американската амбасадорка Кејт Брнс и нејзиниот сопруг Скот Брнс.

Претседателот Пендаровски,освен со српскиот колега Вучиќ, денес е предвидено да се сретне и со претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ, и со претседателката на Народното собрание на Република Србија, Маја Гојковиќ. Во рамки на официјалната посета, претседателот Пендаровски ќе се сретне и со претседателот на Стопанската комора на Република Србија, Марко Чадеж и стопанственици од Република Србија.

Официјалната церемоноја за пречек на Пендаровски во „Палата Србија“ почнува во 10.30.

Утре,пак, претседателот Пендаровски во Нови Сад е предвидено да учествува на 4. Регионален младински форум и да се обрати на претседателскиот панел „Обраќање на младите пред претставниците на влаcта: презентирање на политичкиот дијалог пред милениумците“, заедно со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Република Словенија, Борут Пахор.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова се бори за прв, а Пендаровски за уште еден мандат

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пендаровски од Куманово: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски: Пред вас граѓаните има две опции, едната што продолжува напред, другата што сака да нè врати назад