ВМРО-ДПМНЕ: Три години владата на СДСМ ги игнорира барањата на глувонемите лица

Од:

„Зоран Заев и СДСМ не покажаа грижа за глувонемите лица. Три години владата на СДСМ ги игнорира барањата на глувите.

Додатокот за глувонеми лица, воведен од владата на ВМРО-ДПМНЕ не беше зголемен, а толкувачите на знаковиот јазик исто така често се оставаат без примања.Игнорантниот однос на оваа власт кон глувонемите ги револтира и маргинализира“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Водени од начелото на еднаквост гарантирано и со Уставот на Република Македонија ВМРО-ДПМНЕ ги прифаќа барањата на глувонемите и во програмата за предвремените парламентарни работи ќе предвиди, а по избори новата влада ќе реализира:

– Покачување на додатокот за глувонеми лица од 4000 на 6000 денари, односно негово покачување за 50%.

– Измени во Законот за знаковен јазик со кои ќе се префрлат сите толкувачи под Министерството за правда, воведување на сервисни центри кои ќе им обезбедат толкувачи за глувите лица за сите нивни потреби, организирање на редовни обуки за изуување на знаковен јазик, како што е предвидено заради остручување на доволен број на толкувачи кои ќе можат да ги опслужуваат глувите лица, предвидување на буџет за ангажирање на толкувачи во судовите, обвинителствата и МВР.

Глувонемите заслужуваат третман кој нема да дозволи да се чувствуваат маргинализирани. ВМРО-ДПМНЕ во идната програма ќе има мерки и проекти за сите категории граѓани. По 12 април следува обнова“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?