Кривичниот суд во Скопје информира дека судијата не ги прифатил барањата за издавање времени пасоши за осомничените во „Империја“, бизнисмени Орце Камчев и Цветан Панделски, газдата на „Пелистерка”.
„Основниот кривичен суд Скопје односно судијата на претходна постапка кој постапува по конкретниот предмет , по добиено мислење од надлежниот јавен обвинител со кое не се дава согласност за издавање на бараниот пасош, не даде согласност за издавање“, извести судот.
Камчев бараше времен пасош со рок од една година и понуди гаранција.