Вучиќ побара од ВБА да истражи можна шпионска афера

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, побара од Военоразузнавачката агенција да испита можна афера за шпионажа во која руски шпиони регрутираат српски агенти, изјави српскиот премиер Ана Брнабиќ.

„Зборував со претседателот Александар Вучиќ. Тој даде наредба на Воената разузнавачка агенција да го испита случајот. Ние ги немаме сите податоци. Ако се испостави дека се е точно, тогаш тоа ќе биде сериозно прашање и проблем за нас”, изјави Брнабиќ за Блиц.

Таа додаде дека Вучиќ свикал состанок во својство на врховен командант на српските вооружени сили, на кој ќе ги извести за резултатите од истрагата.

Блиц објави дека рускиот дипломат и воен разузнавач Георги Клебан бил актерот во видеото во кое се гледа како му дава пари на наводно висок по ранг српски функционер.

Видеото е објавено на Јутјуб на 17 ноември, неговата автентичност е потврдена за „Блиц“ и е потврдена од истражниот новинар Христо Грозев на неговиот профил на Твитер.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија