Форин полиси – Вашингтон
Откако ураганот Сенди донесе студени ветрови што ги зафатија крајбрежјата на Њујорк и Њу Џерси пред неколку години, направи штета што граѓаните долго ќе ја паметат. Ресторани со поглед кон океанот беа поплавени од големите бранови, куќите срушени, а историските светилници под урнатини. Њујорк беше парализиран неколку дена, а речиси 40.000 жители останаа без своите домови.
Медиумите секојдневно известуваа за оваа природна катастрофа, но ја запоставија меѓународната трговија, која исто така претрпи голема штета. Ниту една камера не сними како водата навлегува во оперативните центри, уништувајќи компјутери, струјни трансформатори и системи за контрола на товар. Малку внимание се посвети и на контејнерите за стока, кои беа расфрлани како играчки околу морските терминали и на гасните кранови оставени неоперативни и уништени од солената вода. Товарните бродови со недели бесцелно пловеа околу пристаништето, додека одговорните ветуваа дека ќе ја поправат штетата. Со зголемувањето на концентрацијата на стакленичките гасови и се акумулираат во атмосферата со рекордно темпо, промените во климатскиот систем не само што го зголемуваа нивото на морето и екстремните временски услови, тие претставуваат и голема закана за меѓународната трговија. Инфраструктурата на крајбрежниот транспорт, особено пристаништата, е многу ранлива. Но, ова е двонасочна врска. Меѓународната трговија игра голема улога во влошување на климатските услови, така што ги зголемува стакленичките гасови, но тоа што Сенди го донесе, исто така, ја забавува меѓународната трговија. И покрај нивната меѓусебна поврзаност, овие проблеми главно се разгледуваат во силоси.
Договорот за климатските промени, кој се донесе во Париз 2015 година, не посветува ниту една клаузула за трговијата. И секторите што го поддржаа тоа – авијација и испорака, чии емисии постигнуваат раст од три до пет проценти на годишно ниво, не се опфатени. Слично на ова е и министерската декларација донесена во Доха во 2001 година, во која се поставени параметрите за застој во рамките на трговските преговори во Доха, каде што не се споменуваат климатските промени. Како резултат, големи делови од глобалната економија паднаа меѓу пукнатините за заштита на животната средина. Уште поважно е дека брзиот раст на меѓународната трговија исто така го отежнува постигнувањето ефективен глобален договор за климата.
Појавувањето на Кина како трговска суперсила предизвика стравување од т.н. протекување јаглерод”, што се појавува кога трошоците поврзани со усогласеноста со климатските политики ги придвижуваат деловните субјекти да го пренесат производството во странство во потрага по помали правила. Доколку Европската Унија или САД ги натераат загадувачите да плаќаат за стакленичките гасови, тие едноставно ќе го спречат производството во Кина или друга економија во развој, не давајќи никаква корист за животната средина. Но, ако развиените земји не дејствуваат, нема ни економиите во развој. Иако студиите откриваат малку докази околу истекувањето, праксата вели дека неговиот спектар се развива. Во САД владеел страв од истекувањето, покрај другите работи што го натерале Сенатот едногласно да го исклучи ратификувањето на секој климатски договор што ги остава економиите на Индија и Кина да бидат неограничени од јаглеродните цели во пресрет на преговорите за Кјото протоколот во 1997 година.
Неодамна Доналд Трамп изрази слични стравови за договорот од Париз, кој тој вети дека ќе го напушти. Тој тврди дека договорот им штети на САД, а е во корист на другите земји, наведувајќи ги пониските плати, затворените фабрики и намаленото економско производство. ЕУ е исто така загрижена за опасноста од истекувањето.
Според нејзината политика за климатските услови, нејзината шема за трговија со енергетска индустрија добиваат бесплатни кредити за јаглерод, така што тие се заштитени од каква било конкуренција.
Тарифата на јаглерод привлече големо внимание од двете страни на Атлантикот како средство за решавање на протекувањето јаглерод и пробивање на мртвата точка на меѓународната климатска акција. Ваквата шема би вклучила примена на тарифа за увозот од земји што сè уште не учествувале во производството на јаглерод. Сепак, претходните напори за воспоставување граници беа одбиени. Во 2010 година, тогашниот претседател Никола Саркози предложи приспособување на границите за ЕУ, но Карел де Гухт, кој беше европски комесар за трговија, се спротивстави на ова со образложение дека може да доведе до некаква одмазда. Во 2017 година, Макрон предложи сличен данок на јаглерод на границите на Европа, но повторно имаше загриженост дека ќе настане трговска војна со САД и Кина. Во меѓувреме во САД политичарите ги сметаа приспособувањата на границите како начин за победа на сојузниците за климатско дејствување покрај енергетските индустрии кои стравуваат од истекување на јаглеродот. Од оваа причина беше утврдена одредба за приспособување на границите во законот за чиста енергија и безбедност на Америка во 2009 година, која не беше изгласана. Но тоа не ги спречи обидите да се воведе граничен данок. Во јули, Урсула фон дер Лејен, која е сега претседател на Европската комисија, во својот говор пред Европскиот парламент вети дека ќе воведе граничен данок, за да се избегне истекување на јаглеродот. Година предходно, во САД Карлос Курбело, републиканец од Флорида, предложи федерален данок за данок на јаглерод, односно предложи данокот за увозниците да е еквивалентен на домашниот данок за јаглерод. Оваа година сенаторот Мит Ромни исто така изјави дека ја разгледува опцијата за данок на јаглеродот и поставување граници. Покрај тоа, двајцата лидери за демократската партија, поранешниот потпретседател Џо Бајден и сенаторката Елизабет Ворен, предложија да се воведе данокот за увоз на јаглерод со цел да се заштитат американските работници и да се унапредат климатските активности низ целиот свет.