Првакот на Премиер лигата Манчестер Сити со гостувањето во Ливерпул кај Евертон ќе го отвори 30.коло од Премиер лигата. На Гудисон парк за избраниците на Роберто Манчини освен победа немаат друга опција, доколку сакаат да останат во борба за титулата. Почетокот на натпреварот е во 13 часот и 45 минути.
На другите натпревари од овој круг во Премиер лигата двојките се: Астон Вила – КПР, Саутемптон – Ливерпул, Стоук – ВБА, Свонси – Арсенал и Манчестер Јунајтед – Ридинг (денеска), Сандерленд – Норвич, Тотенхем – Фулам, Челзи – Вест Хем и Виган – Њукасл.
Табела: Манчестер Јунајтед 71 бод, Манчестер Сити 59, Тотенхем 54, Челзи 52, Арсенал 47, Ливерпул 45, Евертон 45,…