Зоран Заев, градоначалник на Струмица и кандидат за трет мандат на синоќешниот маскенбал во хотелот „Сириус“ беше маскиран во оган, а неговата сопруга во мраз. Цела вечер Заеви се забавуваа со учесниците на маскенбалот, кои и оваа година презентираа врвни креации од маски. Заев потврди дека тој има потопла душа, за разлика од неговата сопруга, но е убеден дека полека, полека ќе ја стопли. Имаат време за тоа, бидејќи се млади.
Одговарајќи на новинарско прашање за очекувањата од локалните избори, односно дали огнот ќе ги изгори неговите политички противници, Заев со одговор.
-Од ден на ден тие се повеќе се горат. Ако овој оган значи нешто, тоа ќе значи пепел на крајот. Се надевам дека карневалот ќе не одвлече од кампањата, јас навистина сум на пауза овие денови, а верувам дека и моите струмичани ќе подзаборават на кампањата и ќе уживаат во карневалот, рече Заев.