ЕУ денеска ќе дискутира за проширувањето, но не и за францускиот предлог

Од:

Финската министерка за европски прашања, и ЕУ претседавач, Тити Тупураинен, пред почетокот на Советот за општи работи утрово изјави дека францускиот предлог за реформа на проширувањето нема да биде тема на дебатата денеска.

– Станува збор за далекусежна работа, нема да дискутираме за француската иницијатива денеска, ќе се навратиме на политиката на проширувањето и ќе испратиме силна порака до земјите од западниот Балкан дека ЕУ ќе исполни и ќе се наврати на прашањето идната пролет, изјави министерката Тупураинен, која претседава со денешниот министерски состанок и која го одредува дневниот ред на дискусиите.

Министрите ќе разговараат за состојбата со проширувањето откако одлуката за почеток на преговорите со Северна Македонија беше блокирана од страна на Франција во октомври, но нови предлози не може да има сѐ додека не стапи на сила новиот состав на Европската Комисија.

-Добро е што земјите членки имаат предлози, тоа помага да се одржи процесот, но потребна ни е нова Комисија за да можеме конечно да постигнеме едногласна одлука, денес ќе испратиме силна порака дека ЕУ нема да сврти грб, изјави финската министерка.

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он