МЗТ против Партизан во последниот домашен натпревар од АБА лигата

Од:

Партизан е тимот со кој што МЗТ Скопје Аеродром ќе го одигра последниот натпревар на домашен терен во деби-сезоната од АБА лигата.

Иако ги загуби шансите за пласман на завршниот турнир, дуелот со Партизан за МЗТ ќе биде добра можност да се подобри впечатокот кој го остави со поразот од Шолнок минатиот викенд, како и да се врати на позитивниот биланс.

По 24 кола македонскиот шампион има 12 победи и 12 порази.

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром очекува тежок меч, но се надева дека со добра игра може да се стигне до изненадување.

-Ни гостува екипата на Партизан, а сите знаеме дека се работи за одличен тим. Ова е можност за еден добар тест за нашата екипа, за нашите играчи, пред продолжетокот на сезоната. Мотивацијата за овој меч не е воопшто спорна, ќе играме пред нашите навивачи и мораме да го одиграме најдобриот меч досега за да го изненадиме фаворитот, изјави Алеш Пипан.

Двете екипи својот прв меѓусебен дуел го одиграа на 9 декември во Белград во кој што славеше домаќинот Партизан со резултат 68:58.

Здраствениот билтен во македонскиот тим е поволен и освен Стефан Поповски Турањанин, сите други играчи се подготвени за настап.

Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Партизан ќе се одигра вечерва со почеток од 19 часот во „СЦ Борис Трајковски“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он