СДСМ: Младите не сакаат обнова на режимот, знаат дека зад маската на Мицкоски се крие Груевски

Од:

„Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ ниту пак кај Христијан Мицкоски. Лаги, манипулации, лицемерен патриотизам, тоа е матрицата на ВМРО-ДПМНЕ.

Токму поради ВМРО-ДПМНЕ над 600 илјади млади се иселија. Токму поради режимот на Груевски младите беа под притисок, нашата држава беше изолирана и без извесна европска иднина, граѓаните осиромашуваа, економијата тонеше, а наместо правда имаше неправда.

Младите не сакаат обнова на режимот, изолација, неизвесност, несигурност, враќање назад“, велат од СДСМ.

„Младите се за напредокот, интеграцијата, сигурноста и стабилноста што ги донесе СДСМ.

Благодарение на вистинските младински политики, младите денеска се партнери во нивното креирање.

Нашата држава е единствена земја во регионот којашто не е членка на ЕУ, а ја ја спроведува Гаранцијата за млади, мерка преку која се вработија 1.839 млади лица а дополнителни 4.100 млади добија можност за доедукација.

За само две и пол години отворени се 54.000 нови работни места а од нив 54 отсто се вработени млади.

Преку младинската европска картичка, младите имаат низа поволности и можности во повеќе дејности, како угостоителство, транспорт, културни и спортски настани.

424 млади земјоделци добија грантови од 10 илјади евра за инвестиции во земјоделството и вложивме над 34 милиони денари во подобрување на ИТ вештините кај младите.

За прв пат носиме Закон за млади кој е веќе во процедура.

Младите знаат. Зад маската на Мицкоски се крие вистинскиот Никола Груевски.

Младите не сакаат обнова на режимот и затоа на 12 април гласно ќе изберат напредок, сигурност, стабилна иднина во НАТО и ЕУ што ги нуди СДСМ“, се вели во реакцијата на СДСМ на обраќањето на Христијан Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?