Тепачка поради кирија: Газдата се обидел да ја исфрли Марина Перазиќ од станот

Од:

Вистинска драма се одвивала пред станот на Марина Перазиќ, познатата ју пеачка од 80 те години. Стеван Мрѓан кој на пеачката и го издал станот и кој тврди дека му должи 3.500 евра за кирија, ја откорнал вратата и ја однел сакајќи на тој начин да ја натера пеачката да се исели, пренесува српски Блиц.

На ваквата непријатна ситуација претходела и тепачка со помладата ќерка на Марина Перазиќ, Луна која на сите начини се обидувала да го сопре.

-Страшно што ни се случува-изјави Марина Перазиќ за српски Блиц.

Стеван Мрѓан и порано се обидувал да провали во станот во кој пеачката живее заедно со двете ќерки Миа и Луна. Тврдејќи дека пеачката му должи кирија за 14 месеци, не се откажувал од намерата да ја истера од станот. За да го спречи. пеачката се обидела да ја промени вратата и бравата. Газдата тоа не и го дозволил, а по борењето со нејзината ќерка ја провалил влезната врата.

Марина го контактирала веднаш својот адвокат и полицијата која се обидувала да ги натера завојуваните страни недоразбирањето да го решат по мирен пат, но ситуацијата се влошувала.

По 20 минути безуспешно убедување, полицијата го привела газдата на станот, кој пред еден месец поднел кривична пријава. пеачката тврди дека станот е сопственост на неговиот внук што е и судски докажано, дека е жртва на измама и дека не должи никакви пари.

Би можело да ве интересира

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ