И Иванов и сопругата ќе говорат на Форумот Кран Монтана

Од:

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска до сабота ќе учествува на 23-тата годишна сесија на Форумот Кран Монтана.

Овој престижен самит годинава се одржува во Баку, Азербејџан. Во фокусот на сесијата ќе бидат перспективите на јавното и приватното управување со енергетските потенцијали, како и креирањето нови и одржливи енергетски политики во однос на производството, дистрибуцијата и безбедноста на енергијата.

„Како да се обезбеди подобар свет во услови на глобализација? – Два клучни предизвика: Борба против сиромаштијата и подобрување на управувањето со јавните политики“, ќе биде темата на која ќе зборува Иванов.

Сопругата на претседателот Маја Иванова ќе има свое обраќање на специјалната пленарна сесија посветена на човековите права, родовата еднаквост и образованието, организирана во соработка со УНЕСКО и ИСЕСКО.

 

Би можело да ве интересира

Партијата на Мерц ќе ја поддржи поранешната министерка Илзе Ајгнер за претседател на Германија

А1он

Перуанската претседателка Болуарте е разрешена, Хозе Хери станува привремен претседател

Вучиќ: Нема повторно да се кандидирам за претседател

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Киргистан

А1он

Уставен суд заглавен, изборот на претседател е во ќор сокак

(ВИДЕО) Лога: Кога може Обама, може и Сиљановска Давкова по вторпат да даде заклетва

A1on