Српски министер за здравство: Лекарите од ВМА го спасија животот на Вучиќ

Од:

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, денеска во изјава за Танјуг нагласи дека претседателот на државата Александар Вучиќ имал хронични, помали проблеми со срцето, но дека неговата здравствена состојба се влошила во петокот, кога решил да се обрати на лекари од ВМА.

„Веднаш по приемот, беше проценето дека претседателот на Србија е животно загрозен“, изјави министерот Лончар.

Според министерот, претседателот Вучиќ добро реагирал на терапијата што му била пропишана и му било препорачано да ги намали своите редовни активности во наредниот период со цел целосно да се опорави од влошената здравствена состојба.

– Ја користам приликата лично да се заблагодарам на медицинските тимови на ВМА кои уште еднаш ја покажаа својата стручност и професионализам, рече министерот Лончар.

Би можело да ве интересира

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари