Од притвор избега и поранешниот телохранител на Сашо Мијалков

Од:

Драганчо Стоименов, познат како Дацо Белски, некогашен телохранител на Сашо Мијалков е последен во низата бегалци од притвор.

За него се водат истраги за повеќе кривични дела, а избегал од својот дом каде му бил одреден притвор како осомничен за обид за убиство, по пукањето во ресторанот „Аква“ во Кочани.

– На лицето за кое прашувате судот му одредил мерка куќен притвор, и според надлежноста полицијата неколку пати во текот на денот прави проверки. При последната проверката извршена вчера е констатирано дека лицето не е дома односно не ја почитува мерката на судот и за тоа веднаш е известен судот. По наредба на судот веднаш се преземени мерки и активности за пронаоѓање на лицето, изјавија од МВР за А1он.

Стоименов или Дацо Белски не е непознат на македонската јавност, тој беше клучниот сведок во случајот Детонатор, а во кој за рекетарство, перење на пари, поставување на бомби и покер апарати на обвинителната клупа седнаа 16 лица од Кочани и Виница, но и повод да се сменат вкупно 13 полициски командири, меѓу кои и тогашниот началник на СВР-Штип.

Осудените од кои дел и со доживотни казни затвор тврдеа дека се жртви на Стоименов.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски