Дачиќ: Афлатоксинот во млекото е поради несоодветните стандарди

Од:

Српскиот премиер Ивица Дачиќ денес во Брисел изјави дека појавата на афлатоксин во млекото во Србија е поради неусогласената брзина на примена на европските прописи за човекова и сточна храна и додаде дека за тоа го известил европскиот комесар за здравје и заштита на потрошувачите, Тони Борг.

Ние пред неколку години сменивме еден пропис за количината на одредени супстанци во храната за луѓето, но не и за храната за животните и производите добиени од нив, која е согласна со прописите на Србија за дозволената количина во храната за животни, поради што има последици по количината на афлатоксинот во млекото – изјави српскиот премиерт.

Тој нагласи дека и двата прописа требало истовремено да се применат и додаде дека целта на српската владата е во наредните месеци да донесе закон за безбедноста на храната.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија