Ако по утрото се познава денот тогаш не очекува уште една сезона во Формула 1 каде ќе доминира Себастијан Фетел и Ред Бул. Првите два слободни тренинзи во пресрет на Големата награда за Австралија му припаднаа токму на германецот.
Младиот германец доминираше во возењето најбрз круг. Најблиску до него беше неговиот клупски колега Марк Вебер.
Првиот впечаток е дека Ред Бул има најконкурентен болид, иако тука блиску се и Ферари, Мерцедес и Лотус.
Разочарува Мекларен, за што говори заостанувањето на Батон зад Фетел.
Трката за Големата награда на Австралија се вози в недела во 7 часот наутро.