Откако менаџерот на Арсенал, во текот на летниот трансфер период ќе има на располагање околку 80 милиони фунти, тој го пронајде играчот за кој е подготвен да понуди без малку половина од оваа сума.
Фудбалерот на Малага, Иско е меѓу неговите желби, за кој Венгер смета дека би се вклипил во неговиот тим и ќе биде играч кој ќе го носи составот во иднина.
Поради тоа французинот, размислува за најголемиот свој трансфер во кариерата каде е подготвен да понуди 30 милиони фунти за шпанскиот репрезентативец.
Малага најверојатно за оваа сума би го продала Иско, но во трката за неговиот потпис би можел да влезе и Манчестер Сити кој подолго време е заинтересиран за услугите на младиот играч.