Заев: Соработката со Русија не значи алтернатива за ЕУ и НАТО

Од:

Реактивирањето на Мешовитата меѓувладина комисија со Русија не значи никаков наводен одговор кон ЕУ, туку единствено заложба за интензивирање на економската соработка, истакна премиерот Зоран Заев по денешниот Македонско-руски бизнис форум во Скопје

На новинарско прашање дали ако не добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ, Кина и Русија може да бидат опција, Заев потенцира дека единствена алтернатива за земјава се ЕУ и НАТО.

– Ова не е никаква порака. Работиме на подигнување на нашиот стандард. Треба да правиме се што носи бенефит за нашиот народ. Верувам дека аспирациите на земјава ќе се исполнат, но и дека паралелно ќе постигнеме економски просперитет, подвлече Заев.

Македонско-рускиот бизнис форум е во рамки на 9. сесија на Мешовитата меѓувладина комисија која утре, во Охрид, ќе заседава, а се активира по пауза од пет години.

Заев рече дека одлуката за одржување на Меѓувладината комисија е договорена уште во 2017 година.

– Терминот не е избран никако заради одредени пораки или слично. Секако знаете, Германија, Франција, Холандија сите соработуваат со Руската Федерација на економски план и апсолутно тоа не треба да значи никаква порака. Тоа значи дека ние работиме на унапредување на економските состојби во нашата земја. Потенцијалите пред нас се огромни заради ниското ниво на економска соработка што досега сме го имале со Руската Федерација. Се што носи бенефит за нашиот народ треба да го правиме. И ние политичарите од овде и Руската Федерација, и од Брисел и од Лондон, и од Вашингтон и секаде, целиот свет тоа го прави. Ние сме модерна развиена земја, секогаш напоменувајќи дека нашиот пат е интеграција во ЕУ и НАТО и алтернатива за тоа нема, изјави премиерот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Сали: ЕК испраќа позитивна порака, Македонија го следи патот кон ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

ЕУ: Нема да има дополнителни 220 милиони евра грантова помош за Украина

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он