Анкета: Кандидатите за градоначaлници на ВМРО-ДПМНЕ водат во Аеродром и Битола, на СДСМ во Велес

Од:

Кандидатите за градоначалници на Аеродром и на Битола од Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски и Владимир Талески, убедливо водат пред своите опоненети од Коалицијата „Сојуз за иднината“ на чело со СДСМ, покажува анкетата на Македонски центар за меѓународна соработка и Институтот за демократија Социетас Цивилис-Скопје направена меѓу 8. и 11. март, на примерок од околу 800 испитаници.

Според анкетата, за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ивица Коневски се изјасниле дека ќе гласаат 58,1 отсто од испитаниците, а за кандидатот на СДСМ Диме Велковски 10,1 отсто. Во однос на советничката листа, за таа на ВМРО-ДПМНЕ поддршка дале 44,2, а на СДСМ 13,3 проценти од анкетираните. Одѕивот на гласачите во Аеродром, според анкетата ќе биде 66 проценти.

Во Битола за Владимир Талески кој е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле дека ќе гласаат 40,1 отсто, а за Менде Диневски од СДСМ 14,7 отсто. За советнички листи на ВМРО-ДПМНЕ се изјасниле 32,3, а за таа на СДСМ 16,1 отсто. Одѕивот ќе биде 68,5 проценти.

Кандидатот на СДСМ Аце Коцевски, пак, со 33,4 проценти, е во благо водство пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Славчо Чадиев за кој се определиле 31,3 проценти од испитаниците. Кај советничките листи, за ВМРО-ДПМНЕ рекле дека ќе гласаат 32,6 отсто, а за СДСМ 15,3 проценти анкетирани. Се проценува дека одѕивот во Велес ќе биде 68,6 отсто.

Би можело да ве интересира

Анкета на ФОМ: Русите сè повеќе ја поддржуваат политиката на Путин

Речиси половина од младите не веруваат дека земјава ќе стане членка на Европската унија

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

Рејтингот на Трамп падна на најниско ниво досега

Горан Наумовски