„Исламски џихад“ одбива да запре со нападите

Од:

Портпаролот на палестинското екстремистичко движење „Исламски џихад“ Мусаб ал Бреим изјави денеска дека групата засега не е заинтересирана за посредување од страна на меѓународни преговарачи заради воспоставување прекин на огнот со Израел, бидејќи и натаму планира да се одмаздува за намерното убиство на нејзиниот командант во Појасот Газа.

– Не станува збор за посредување. Не е соодветно да се зборува за тоа, со должна почит за арапските напори. Кога ќе завршиме со нашиот одговор, може да разговараме за прекин на огнот, изјави Ал Бреим.

Изјавата доаѓа откако израелската војска го уби високо рангираниот командант во „Исламски џихад“ Баха ел Ата, бомбардирајќи ја неговата куќа во Газа. Тоа предизвика палестинското радикално движење да одговори со ракетен оган и да се одмаздува за израелските воздушни напади. „Исламски џихад“ од вчера истрела околу 250 ракети од Газа кон Израел, покажуваат податоците на израелските вооружени сили.

Израелската војска денеска продолжи да стрела кон цели од „Исламски џихад“, а палестинските екстремисти продолжија со ракетен оган кон Израел. Во израелските напади досега се убиени 23 Палестинци, вклучувајќи седумгодишно дете и двајца тинејџери.

Израелскиот министер за одбрана Нафтали Бенет само еден ден откако ја презеде функцијата предупреди дека „секој терорист кој планира да го нападна Израел, нема да ја преживее ноќта“.

Бенет ја презеде функцијата вчера само неколку часа откако Израел изврши атентат врз палестинскиот исламистички лидер Баха Абу ал Ата.

– Ал Ата дејствуваше против граѓаните на Израел и беше елиминиран. Тоа го направивме вчера и нема да се двоумиме истото да го повториме и во иднина, посочи Бенет.

Тој додаде дека убиството на Ал Ата во Појасот Газа би требало да испрати „јасна порака до сите непријатели“.Кој и да планира да не повреди во текот на денот, не може да биде сигурен дека ќе преживее во текот на ноќта“.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци