Жерновски: Добиваме нови шест милиони долари од сукцесијата на поранешна СФРЈ

Од:

По четиригодишна пауза, денеска во Загреб се одржа петтиот состанок на Постојаниот мешовит комитет за примена на Спогодбата за сукцесија на поранешна СФРЈ, на која високи претставници од државите сукцесори ја анализираа примената на сите анекси што се составен дел на Спогодбата и ги разгледаа другите релевантни прашања во врска со овој процес, особено прашањата за поделба на средствата во мешовитите банки.

На овој состанок, како што соопшти денеска МНР, учествувал заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, кој е назначен за висок претставник на Република Северна Македонија во овој Комитет.

Високите претставници од државите сукцесори, застапувајќи ги интересите на своите држави, настојувале на состанокот да се постигне консензус за секое од прашањата кои биле предмет на дневниот ред, утврден со правилникот за постапување на Комитетот.

Заменикот министер Жерновски на состанокот го изнел интересот на Република Северна Македонија за доследна примена на претходно усвоените препораки на овој Комитет, инсистирајќи да се забрза процесот на поделба на дипломатско-конзуларниот имот на поранешна СФРЈ, потоа да се разгледаат и да се уредат прашањата со распределба на финасиските обврски и побарувања на поранешната заедничка држава, да се интензивира процесот на поделба на архивите, како и генерално да се унапреди и забрза работата на овој Комитет како надлежен за ефикасна имплементација на Спогодбата за прашањата на сукцесијата.

Жерновски, стои во соопштението, истакнал дека постојат евидентни резултати по однос на примената на Анексот Б, кој се однесува на поделбата на дипломатско-конзуларните имоти на поранешна СФРЈ. Република Северна Македонија, се посочува, очекува добивка од околу четири милиони американски долари од продажбата на објектите на резиденцијата и Мисијата во Њујорк на амбасадите во Бон и Берн.

– Ме радува податокот дека пред една недела е постигнат договор во рамките на Комитетот за Анексот В, за поделба на депозитите во “Адриа Банка” во Виена. Учеството на Република Србија во депозитите е намалено од 38 проценти на 20 проценти, на сметка на претходно еднострано користење на депозити од оваа Банка. Република Северна Македонија се очекува да добие околу два милиони САД долари од оваа распределба, изјавил Жерновски.

На предлог на Жерновски и на македонската делегација, Постојаниот мешовит комитет на овој состанок усвоил неколку препораки до владите на државите сукцесори поврзани со активностите кои треба да се преземат заради унапредување на примената на Спогодбата за прашањата на сукцесијата.

Постигната била и согласност следниот состанок на Постојаниот мешовит комитет да се одржи во јуни наредната година во земјава.

Би можело да ве интересира

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Македонската амбасадорка во Софија повикана во бугарското МНР поради изјавите на вицепремиерот Николоски

МНР: Коридорот 8 е од стратешко значење, но важна е и подготвеност за соработка на Бугарија