(ВИДЕО) Мицевски: На СДСМ поважен му е потпретседателот од законот за минимална плата

Од:

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, ги обвини пратениците на СДСМ за лицемерие, затоа што, како што рече, поважно им било да се изгласа Зеќир Рамчиловиќ за потпретседател отколку законот за минимална плата.

„Ако бевте толку искрени во намерите, ќе го ставевте законот прв на дневен ред, но вие покажавте дека ви е поважно да се изгласа Рамчиловиќ за потпретседател. Се прекина седницата по изгласувањето. СДСМ, три дена го одложува носењето на законот за минимална плата. Јавноста, работниците и здруженијата, го гледаат ова лицемерие и ќе го казнат“, рече Мицевски.

Би можело да ве интересира

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи