Црвенковски и Георгиевски седнаа на заедничка маса

Од:

Во Александар Палас тукушто започна средбата на партиските делегации на СДСМ и на ВМРО-НП.

На зедничка маса седнаа некогашните лути противници Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски. Договараат заеднички настап против политиките на власта и Груевски.

Коалицијата „За демократска Македонија“, во првата рунда самостојно преговара со Црвенковски.

Мразот го скрши лидерот на ЛДП, Андреј Жерновскиа, а потоа Црвенковски имаше средба и Стојанче Ангелов од „Достоинство“ и со претставник на Обединети за Македонија, чиј претседател, Љубе Бошковски, издржува затворска казна.

Она што беше досега заедничко е дека сите имаат иста оценка за актуелната состојба во државата, сите велат, ќе ги надминат идеолошките разлики, ќе ги голтнат суетите, подготвени се за соработка бидејќи имаат единствена цел,  да се смени, како што велат, оваа ненародна и штетна власт.

По средбат се предвидени изјави за медиумите.

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

A1on

Финансирањето на телевизиите со државни пари ги сплоти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Законот за поткуп на медиуми“ќе се носи по скратена постапка

A1on

(ВИДЕО) Николоски: Бараме формулација за македонски јазик без изјави и дообјаснувања

A1on

Молк од Горан Милевски за модифицираниот француски предлог

A1on

ВИДЕО: Колку пари трошат политичките партии на рекламирање на билборди

Ана Ололовска