СДСМ: За 30 отсто поголеми субвенции за зголемен сточен фонд

Од:

„Политиките на СДСМ за поттикнување на земјоделството и руралниот развој даваат резултати.

СДСМ го остварува најавеното во својата програма и за прв пат се исплатени субвенции повисоки за 30 насто на секој фармер што во споредба со претходната година го зголемил основното стадо“, соопштуваат од СДСМ.

„Со оваа мерка на сметките на 7.101 субјекти, кои го зголемиле основното стадо со говеда, овци, кози, маторици, несилки, и пчелини семејства, се исплатени над 27 милиони денари.

Сите фармери, кои земале субвенција за директни плаќања за грла говеда, за обележани грла на овци, за грла кози, женски приплодни грла на маторици и презимени пчелини семејства, а го зголемиле бројот на основното стадо, добиваат дополнителна субвенција од 30% за секое грло, за кое е зголемено стадото во однос на претходната година.

Оваа мерка има за цел да го поттикне развојот на домашното сточарство, преку зголемување на основните стада.

Со тоа во државата се зголемува и базата за производство на месо, млеко и мед и се обезбедува поевтина суровина која е важен инпут во месната и млечната индустрија.

Мерките на СДСМ се насочени кон унапредување на условите за развој на сите земјоделски гранки, во сите региони, со навремени и неселективни субвенции, зелена нафта, програмите за млади земјоделци, за жени земјоделки, програмите од ИПАРД фондовите, со што се овозможува раст на домашната економија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он