ВМРО-ДПМНЕ: Време е СДСМ да си замине

Од:

„Зоран Заев и СДСМ ги уништуваат и така малите енергетски капацитети кои ги има Македонија. Наместо инвестиции во нови капацитети, власта едвај ги одржува старите.

Нема месец, а да не испаѓа од употреба некој од блоковите во РЕК Битола. Загубите се нижат, а никаде ги нема најавените инвестиции во термоелектраните. Нема филтри, механизација, ниту нови јагленокопи. Термоелектраните се оставени сами на себе.

Власта вети многу, а не реализираше ништо. Нивото на реализација на програмата на СДСМ изнесува само 2%“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта најави и дека ќе ги изгради и хидроакумулациите Чебрен и Галиште. Три години како се на власт, немаат отпочнато ниту со изготвување проектна документација.

Три години власта ништо не направи на полето на енергетиката. Три години трпиме само загуби.

Време е СДСМ да си замине. По 12 април следува обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски

СДСМ: Мицкоски нема ништо државничко, „Талог“ е кампања по моделот на Ванчо Михајлов

Горан Наумовски

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат