Пакети „многу чиста дрога“ пронајдени на брегот на Атланстскиот Океан

Од:

Француската полиција истражува како 760 килограми „многу чиста дрога“, вредна 60 милиони евра, се појавиле на атлантскиот брег во пластични црни кеси.

Полицијата ги предупреди граѓаните да не ги допираат пакетите.

Канцеларијата на обвинителот во Рен посочи дека кокаинот во пакетите е „многу чист“, а со тоа и опасен и ги повика граѓаните штом забележат таков пакет да ја повикаат полицијата.

„Сомнителните пакети има на сите плажи од Лоар-Атлантик департментот со Ланд, што е оддалеченост од околу 500 километри“, се наведува во соопштението и се додава дека само на една плажа вчера биле пронајдени 14 килограми дрога.

Пакетите најверојатно се направени во Јужна Америка и полицијата истражува дали некој брод била погоден од бура, што би можело да ги објасни пакетите дрога.

Би можело да ве интересира

Уапсен дилер од Штип, кај него пронајдена дрога и голема сума пари

Горан Наумовски

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога

Орце Костов

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор