На социјалните медиуми се шири револтот поради синоќешното дивеење на булeварот „Партизански одреди“.
Граѓаните велат дека несовесен возач буквално дивеел по булеварот и со голема брзина ги „збришал“ сигурносните столпчиња.
Граѓаните прашуваат каде е полицијата да казни вакво недозволиво однесување зад воланот, со што во опасност често ги доведуваат пешаците. Од полицијата бараат да ги казни и моторџиите кои во ноќните часови се натпреваруваат по „Партизaнска’.