(ВИДЕО) Ѓорѓиев: Заев и СДСМ излажаа дека ќе спроведат мерки и проекти во интерес на младите од кои до ден денес нема ништо

Од:

Младите се најголеми жртви на лагите на измамникот Зоран Заев и СДСМ. Илјадници млади граѓани во Република Македонија паралелно со високото образование учат и по некој странски јазик со единствена цел кога ќе го завршат образованието веднаш да ја напуштат нашата држава поради бесперспективноста, која е резултат на неспособната и криминална власт, рече Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

„Заев и СДСМ ги излажаа младите. Излажаа дека ќе спроведат мерки и проекти во интерес на младите од кои до ден денес нема ништо. Нема ни трага ни глас од студентските домови, базени, игралишта и проекти кои ги ветуваа СДСМ за младите.

Една од најголемите лаги за младите е дело токму на Дарко Каевски како директор на Агенцијата за млади и спорт. Тој ветуваше не еден, не два туку шест затворени базени ширум Македонија од кои во последната година на мандатот на оваа власт во заминување се уште нема ништо.

Дали Каевски мислеше дека се на „прав пат“ кога во април лажеше дека во јуни ќе отпочне изградбата на затворените базени за сега повторно да шири лажни вести дека изградбата ќе започне до крајот на месецот, а се уште не е завршена тендерската постапка.

Како што може да се види на оваа фотографија која што е достапна јавно на јавноста, тендерската постапка завршува на 2 декември, а Дарко Каевски пред само неколку дена јавно, на телевизиска дебата ја излажа македонската јавност дека целата постапка е завршена.

Токму ваквите лаги и манипулации ќе ги казнат младите на 12-ти април, кога во голем број ќе излезат да гласаат против криминалната банда на чело со аболицираниот Зоран Заев. Младите знаат кој се грижи за нив и кој нуди реални проекти и решенија, младите на 12-ти април гласот ќе го дадат за обнова на Македонија.“, наведе Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”