ВМРО-ДПМНЕ: Нетранспарентноста на Владата отвора сомнеж дека на повидок е нов криминал тежок дури 72 милиони евра

Од:

Владата во заминување се обидува на криминален начин да испумпа пари од државата. Владата упорно молчи за деталите од договорот со фирмата „САРХЕМС“, со кој што на човек фирма, формирана 24 дена пред објавување на јавниот повик, треба да и се платат огромни 72 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Рашковски и измамникот Заев ги кријат деталите од договорот и ја лажат јавноста дека фирмата влегува во бизнис во Македонија во јавно приватно партнерство без никаков бенефит од државата.

Ги нема да одговорат на прашања кои кружат во јавноста:

Како партнерот ќе наплаќа 9 милиони евра годишно или 72 милиони за 8 години?

Дали и колкав дел од патарини ќе се издвојуваат за овој проект?

Дали споменувањето на зелениот картон од страна на Рашковски, значи дека и тој е во игра за наплата?

Дури кружат гласини дека и на мислењата од институциите им се става степен на класификација за истите да се сокријат од јавноста.

Нетранспарентноста на Владата и одвивањето да одговори уште повеќе отвора сомнеж кај јавноста дека е на повидок нов криминал тежок дури 72 милиони евра.

Со 72 милиони евра колку што Заев ќе даде за 8 години може да се купат 15 најсовремени хеликоптери за медицинска итна помош или повеќе од 1.500 најсовремени амбулантни возила.

Време е да се стави крај на криминално рекетарската банда на Заев која си игра со државата и парите на граѓаните.

Крајот на оваа криминална влада се ближи, на 12-ти април ќе дојде обнова на Република Македонија. Денот кога сите функционери кои се огрешиле пред законот и ја имаат злоупотребено својата функција ќе одговараат пред закон.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски