ВИДЕО: Заев, Рама и Вучиќ во Охрид

Од:

Премиерот Заев е домаќин на трилатералната работна средба пред утрешниот состанок  на лидерите на Западен Балкан што утре ќе се одржи во Охрид, на која што ќе се разговара за „мал Шенген“.

На средбата присуствуваат и претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама кои веќе пристигнаа во Охрид.

Најавено е дека во Охрид може да се договорат конкретни мерки за слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал.

Во Нови Сад, пред еден месец беше постигната спогодба за иницијативата, која треба да ги зајакне економиите на трите земји и да ја зголеми нивната привлечност за инвеститорите.

На работниот состанок покрај тројцата лидери ќе учествуваат и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ и министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ.

Утре ќе биде одржана пленарна сесија на лидерите од Западен Балкан со претставници на меѓународни организации и институции, меѓу кои, Европска банка за обнова и развој, Регионален совет за соработка, Европска комисија, Светска банка и Европска инвестициона банка.

По работните состаноци најавена е и прес-конференција на лидерите на Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Русите се согласија да го продадат својот удел во НИС

Горан Наумовски

Три опции се во „игра“ за судбината на Нафтената индустрија на Србија

Снегот предизвика хаос низ цела Србија, дел од патишта покриени со снег

Горан Наумовски

Филмски грабеж во Србија: Ограбено возило со два милиони евра државни пари

Албанија го отвора последниот Кластер од пристапните преговори со ЕУ

Инцидент на српско-косовската граница: Маскирани Албанци пукале кон српски војници

Горан Наумовски