(ВИДЕО) Костадинова: Заев е најодговорен за еколошката катастрофа која што вчера му се случи на Скопје

Од:

Граѓаните на цело Скопје се соочени со еколошка катастрофа. Во текот на вчерашниот ден беше невозможно да се дише во Кисела Вода, Лисиче и делови од Аеродром. Никој не знае какви последици ќе остави хаваријата во „Охис“ по здравјето на граѓаните, рече Даниела Костадинова,советник во општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.

„Жителите на Кисела Вода, барем оние кои имаа каде да заминат, ги напуштија своите домови. Отидоа кај роднини или пријатели само да се
заштитат себе си и своите најблиски.

Човекот кој не пропушта шанса да се фотографира и појави пред медиумите, Зоран Заев го нема никаде. Тој е најодговорен за еколошката катастрофа која што вчера му се случи на Скопје со оглед на фактот што чистењето на просторот во „Охис“ е под надлежност на Владата.

Додека граѓаните беа во паника, никаде го немаше ниту Макрадули, ниту градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски.

Што ли треба да се случи за некој од власта да понесе одговорност? Време е власта да се соочи со последиците од неспособноста.

Јавноста мора да добие одговор дали фирмата која е овластена да го менаџира токсичниот отпад има лиценца за управување со токсичен отпад и отрови? Доколку нема дали воопшто некој од власта и вршел контрола?

Одговор мора да има и на прашањето дали стечајниот управник и судијата потпишале договор уште во февруари за дислокација на дел од опасните супстанци како што се течниот хлор и метил акрилат, но досега ништо не е преземено иако парите се исплатени.

Дали во Владата се свесни дека доколку се случи хаварија со само еден канистер со 30 литри хлор истечен, ќе треба да се евакуира цело Скопје, а целата количина од 15-тина тони може да контаминира 1/3 од Македонија?

Човечки животи се во прашање, во прашање е здравјето на граѓаните, одговорност мора да има!“, наведе Костадинова.

„Ние како Совет на Општина Кисела Вода, нашата советничка група и коалиционите партнери, уште вчера кога најавите по медиумите видовме што се случува во нашата општина, побаравме вонредна седница. Но тоа не ни беше овозможено, значи останаа глуви на нашето барање. Ние сакаме како советничка група да бидеме информирани за она што се случува во нашата општина, имаат право жителите на општината, а воедно и на околната општина Аеродром бидејќи и таму се почувствува непријатниот мирис, да знаат што се случува кај нив и каква опасност има. И воедно ако треба некои безбедносни мерки, населението да се евакуира“, одговори Костадинова како одговор на новинарско прашање -Дали тие ќе преземат нешто.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски