ВМРО-ДПМНЕ: Криминалната банда на чело со измамникот Заев го подготвува најмегаломанскиот буџет во историјата на Македонија

Од:

Криминалната банда на чело со измамникот Зоран Заев го подготвува најмегаломанскиот буџет во историјата на Република Македонија, тежок 4 милијарди евра., велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Додека беше во опозиција критикуваше дека буџетот бил преголем, ветувајќи дека ќе го намалел и ќе ги крател задолжувањата. Заев излажа. Долговите постојано се зголемуваат, капитални инвестиции нема, а никој не знае на што ќе се трошат парите.

Како и досега преку криминални тендери и грантови, но и партиски вработувуања, парите на граѓаните ќе завршуваат во џебовите на високи партиски и државни функционери на СДСМ. Граѓаните од мегаломанските буџети на СДСМ видоа само лоповлук и расипништво, а реализацијата на капиталните инвестиции веќе трета година по ред е очајна. Оваа година капиталните инвестиции го достигна дното со реализација од околку 30 проценти за 9 месеци.

Измамникот Заев го најави и бројчаникот кој ќе ги прикажувал парите што ќе ги врател во буџетот. Каде е бројчаникот кој го ветуваше Заев? Каде се 6-те милијарди кои Заев и СДСМ тврдеа дека се украдени? Се е лага до лага.

Само потврда на лагите добија граѓаните од власта на Зоран Заев. Нема живот, ниту ветеното враќање на парите.

За 3 години аблоцираниот криминалец Заев потроши 10 милијарди евра пари на граѓанитe. Имајќи ја предвид неговата богата „кариера“ проследена со корупција и криминал не е тешко да се претпостави каде завршија народните пари.

Граѓаните тонат во сиромаштија, едвај го минуваат месецот. Повеќе од половина милиони граѓани на Република Македонија денот го минуваат со еден оброк, живеејќи во сиромаштија. На криминалот и корупцијата мора да се стави крај..

Граѓаните ќе одберат обнова на Македонија наместо криминална банда на чело со аболициран криминалец која ја носи државата кон бездна.
На 12 април доаѓа крајот на оваа корумпирана, алчна и расипничка власт.

Македонија заслужува чесна влада кој ќе се грижи за нив и која ќе ја врати земјата на брза лента во ЕУ интеграциите.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град