На повидок нова партија

Од:

А1 дознава дека група албански интелектуалци, аналитичари, меѓу нив и универзитетски професори, иницирале формирање нов политички субјект кој би требало да се организира по теркот на партијата на Таип Реџеп Ердоган.

Тие мислат дека луѓето се сити од структури кои доаѓаат на власт, се збогатуваат и си заминуваат, а народот страда, се иселува и осиромашува. Иницијаторите за А1 велат, потребен е рестарт на вредностите.

„Потребен е голем ангажман за да се направи ова. Анализите покажуваат дека луѓето очекуваат такво нешто“, вели Мерсел Биљали,еден од иницијаторите, кој за себе вели дека ќе помогне силно со целосна логистика, но самиот нема да биде член на идната партија.

„Ред е другите, односно помладите да покажат колкава доза на идеал поседуваат. Ние имаме морална обврска да го помогнеме процесот, а помладите од нас ќе треба да го предводат идниот субјект, вели Биљали.

А1 дознава дека се вршат интензивни разговори со личности од сите слоеви, посебно од бизнис заедницата, но и со меѓународната заедница.

На нашето прашање дали има информации дека и таканаречена ПИКА најавува формирање партија, Биљали вели дека не можат никому да забрани формирање партија.

Тој вели дека кој и да е моментот, луѓетот да се обединат, бидејќи од поделбите има само загуби.

Биљали, кој е универзитетски професор и аналитичар, и поранешен пратеник и советник, вели дека секое импровизирање во вакви проекти завршуваат со политички „ абортус“. Посочува дека ќе разговараат со сите, бидејќи сите се потребни ко на појавата на идниот субјект.

А1 дознава дека се ангажирани и странски субјекти кои прават анализи за тајмингот за појава на идниот субјект.

„Не е лесно да се дејствува во состојба на страв, несигурност и апатија. Но иднината е пред нас“, велат за А1, иницијаторите.

Катерина Цаневска Арсовска

 

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

A1on

Финансирањето на телевизиите со државни пари ги сплоти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Законот за поткуп на медиуми“ќе се носи по скратена постапка

A1on

(ВИДЕО) Николоски: Бараме формулација за македонски јазик без изјави и дообјаснувања

A1on

Молк од Горан Милевски за модифицираниот француски предлог

A1on

ВИДЕО: Колку пари трошат политичките партии на рекламирање на билборди

Ана Ололовска