По повод именувањето на новиот претседател на Народна Република Кина, Ши Џинпинг, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов упати честитка во која му упатува најсрдечни желби за натамошни успеси на Кина.
„Во оваа свечена прилика, дозволете да изразам восхитување од патот кон просперитет, благосостојба и меѓународна афирмација, што Народна Република Кина го чекори со цел да придонесе во изградба на мирот и мирољубивата коегзистенција во светот. Ја користам приликата да изразам големо задоволство од досегашниот развој на односите меѓу Македонија и Кина, и увереноста дека со заеднички ангажман ќе придонесеме за натамошно унапредување на традиционално пријателските односи и соработката во сите сфери од заеднички интерес”, се вели во честитката која ја упати Иванов до Џинпинг.