Столтенберг ги повика сојузниците да ги надминат меѓусебните разлики

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги повика сојузниците од Алијансата „да преземат одговорност” и да ги надминат меѓусебните разлики за различни прашања, со што ќе обезбедат единство, што е неопходно за колективната безбедност.

Во говорот во Истражувачки центар во Германија, Столтенберг подвлече дека сега многу се зборува за разликите меѓу сојузниците за прашањата на трговијата, енергетиката, климата, Иран, како и за ситуацијата во североисточна Сирија. Според него, сосема е нормално да има разлики во позициите на 29 демократски држави.

-И во минатото имавме сериозни разлики. На крајот секогаш успевавме да се обединиме околу нашата клучна задача да се браниме задно, изјави Столтенберг, директно пренесуван од прес службата на НАТО.

Тој забележа дека постигнувањето консензус не е лесна задача, но „единството е потребно заради нашата заедничка безбедностж“.

-Затоа националните интереси на секој од сојузниците го претпоставува стремежот да останеме единствени, подвлече Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина